Имајќи ја предвид состојбата со тргувањето со хартии од вредност на Берзата и повторното големо намалување на цените на најголемиот број на хартии од вредност кои беа тргувани на 20.11.2008 година, Одборот на директори на Берзата, во консултација со Комисијата за хартии од вредност, на својата седница одржана на 20.11.2008 година донесе одлука со која моментално дозволените статички дневни ценовни флуктуации при тргувањето со хартии од вредност се намалуваат и во наредниот период ќе изнесуваат +/-5%, наместо досегашните +/-10% во однос на базната цена во режимот на континуирано тргување и од +/-20% во однос на базната цена во режимот на фиксинг.

Во однос на динамичките ценовни ограничувања во рамките на дозволените статички дневни ценовни флуктуации во режимот на континуирано тргување, Одборот на директори донесе одлука истите да се намалат од +/-3% на +/-1,5%.

Овие одлуки на Одборот на директори на Македонска Берза АД Скопје ќе се применуваат од 21.11.2008 година.

Одборот на директори на Берзата континуирано ќе продолжи да ги следи случувањата на пазарот на хартии од вредност и ќе постапува во согласност со истите.

 


Членките МОЈ БРОКЕР АД Скопје и БЕТА БРОКЕР АД Скопје привремено се исклучуваат од членство во Берзата поради неисполнување на континуираните услови за членство пропишани во Правилата за членство на Берзата.

Привременото исклучување од членство во Берзата на членките МОЈ БРОКЕР АД Скопје и БЕТА БРОКЕР АД Скопје ќе почне да се применува од ден 10.11.2008 година и истото е со времетраење до целосно исполнување на континуираните услови за членство во Берзата.

29.11.2008 година (сабота) работен и нетрговски ден на Македонската берза  

Согласно соопштението објавено на интернет страницата на Министерството за труд и социјална политика на 18.11.2008 година, со кое Министерството за труд и социјална политика соопштува дека неработниот ден 19.11.2008 година (организирање на активности за пошумување во Република Македонија) ќе се одработи на 29.11.2008 година (сабота), Ве известуваме деканаместо22.11.2008 година, работен и нетрговски ден на Македонска берза ќе биде 29.11.2008 година (сабота).

 

Берзански Преглед. Вашиот дневен водич.

Берзанскиот Преглед е услуга која Ви ја нудиме со цел да добиете подетлани информаии околу тргувањето на Македонската Берза, како и можноста да посетитте други финансиски пазари во околината и пошироко.

> Дознај повеќе