Делта Брокер Услуги

 

Согласно дозволата добиена од Комисија за Хартии од Вредност, брокерската куќа Делта Брокер АД Скопје е овластена да ги извршува следниве работи

  • услуги на посредување при купување и продавање на хартии од вреднст
  • дејствување како покровител при котација
  • инвестиционо советување

 Делта Брокер АД Скопје посредува при купување и продавање на хартии од вредност, т.е при тргувањето со акции и обврзници. Преку нашата брокерска куќа клиентите можат да отворат своја сметка во Централен Депозитар за хартии од вредност и да даваат налози за купување или продавање на хартии од вредност.

Водени првенствено од сопствената перцепција и толеранција кон ризикот, постојат две групи на инвеститори.Првата група ја сочинуваат оние кои се карактеризираат со поризично однесување, а во втората група спаѓаат инвеститори кои при одлуката за распределба на своите средства се конзервативни и внимателни.

Инвестирањето во акции носи далеку поголем ризик од вложување во државни хартии од вредност(обврзници) или штедење во банка. Креирајќи соодветна стратегија, диверзификација на ризикот може да се направи преку правилно креирање на портфолио на хартии од вредност со што се остварува поволен однос помеѓу потенцијалниот ризик и приносот од инвестирањето.

 

 

Берзански Преглед. Вашиот дневен водич.

Берзанскиот Преглед е услуга која Ви ја нудиме со цел да добиете подетлани информаии околу тргувањето на Македонската Берза, како и можноста да посетитте други финансиски пазари во околината и пошироко.

> Дознај повеќе